bsi-anab_col_orn_logo_bsi.jpg ISO 9001:2008 logo_nacionalna_federacija.jpg Национална Федерација на Агенции за привремени вработувања
Насловна arrow Настани
Агенциската работа ги гледа првите сигнали Испечати Е-пошта

на економско заздравување

повеќе...

 
CIETT - поздрав на препораките на министрите за труд Испечати Е-пошта

и повик да се препознае улогата на Агенциите во креирање на работни места

повеќе...

 
Улогата и значењето на АПВ во справувањето со кризата Испечати Е-пошта
 
Агенциската работа може да придвижи економско закрепнување на бизнисите во Европа

 Брисел, 23 март 2009 година: Конференцијата на чешкото Претседателство од оваа недела во Прага за „Имплементација на флексигурноста* во услови на криза“ ќе ја потенцира улогата и значењето на агенциската работа во справување со кризата и придвижување на конкурентноста.
И покрај тоа што бројот на агенциски работници се намали во текот на последните изминати месеци, сепак секторот за агенциска работа продолжува да креира работни места кои во друг случај воопшто не би постоеле. Во моментов постојат повеќе од 3 милиони агенциски работници вработени во Европа (сметано врз основа на дневен еквивалент на полно работно време), кои претставуваат дел од околу 10 милиони луѓе кои за првпат или повторно влегуваат на пазарот на работна сила преку привремени најмувања на годишни основи.
Агенциската работа може да игра клучна улога во ублажување на негативното влијание од економската криза преку:
 Зголемување на конкурентноста преку создавање позитивни услови за економска одржливост и на тој начин осигурувајќи ги постојаните работни места;
  Подобрување на транзицијата помеѓу невработеност и работа;
 Создавање на флексибилен облик на труд кој овозможува повеќе луѓе да влезат на пазарот на работна сила;
 Зголемување на вработливоста на работниците преку обуки и инвестиции;
 Ефективно совпаѓање на понудата и побарувачката на работното место.

„Во време кога постои економска криза, владите треба да го искористат придонесот на агенциската работа за подобро функционирање на пазарите на работна сила, рече претседателот на Eurociett - Анимари Мунц (Annemarie Muntz). Агенциската работа го отелотворува принципот на флексигурност – како високо регулиран сектор , ние овозможуваме како флексибилност така и сигурност при работа за луѓето и компаниите. Нашиот сектор треба да има целосен пристап до владините програми и субвенции утврдени со правната рамка за активни политики за пазарот на работна сила. Понатаму потребно е да се прилагоди нивото на регулација на агенциската работа(на пр. со подигање на забраната за употреба на агенциската работа во јавниот сектор во Шпанија) со цел да се овозможи придонесот на секторот за подобрување на транзицијата на пазарот на работна сила и да се подготви теренот за зголемено креирање на работни места а со тоа и економско закрепнување.

Коментарите на Анимари Мунц (Annemarie Muntz) се одѕив на скорешниот извештај на ОЕЦД  „Движење кон пораст“ објавен на 3 март 2009 година, кој укажува на тоа дека дебаклот на финансиските пазари не треба да ги доведе во прашање корисните ефекти од препорачаните реформи на пазарот на стоки и услуги и пазарот на работна сила.

Забелешки на уредниците: Европската конфедерација на приватни агенции за вработување  Eurociett е авторитативниот глас кој ги претставува заедничките интереси на секторот за агенциска работа во Европа. Здружувајќи 27 национални федерации и шест најголеми мултинационални компании за обезбедување персонал како и десетици илјади мали и средни работодавци (т.н. SMEs),  Eurociett претставува повеќе од 90% организираниот сектор за агенциска работа во Европа. повеќе информации на www.eurociett.eu

За понатамошни информаци,
ве молиме обратете се на:
Денис Пенел (Denis Pennel)
Управен Директор на Eurociett
Тел: +32 475 86 75 10 или Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

 
 
СТАВ на Eurociett : Агенциската работа придонесува за... Испечати Е-пошта
поголемо совпаѓање на понудата и побарувачката на пазарот на работна сила и за зајакнување на процесот за подобрување на вештините
Иницијатива на Комисијата на ЕУ „Нови вештини за нови работни места“ 
 
17.03.2009 година
1. Проценка на Eurociett
Подобрувањето на вештините и поголемото совпаѓање на вештините со потребите на пазарот на работна сила е клучен предизвик за компаниите, јавните власти и работниците особено во услови на актуелната економска криза.
Политиките за пазарот на работна сила треба да допринесуваат кон создавање на услови кои го зајакнуваат процесот на создавање работни места, подобрување на процесите за совпаѓање и зголемување на транспарентноста на пазарот на работна сила. Во овој контекст, Соопштението на Комисијата се однесува на вистинските прашања и е упатено во вистинско време.
Секторот за агенциска работа може да даде значаен придонес кон имплементацијата на иницијативата „Нови вештини за нови работни места“, особено преку: идентификување на трендовите на пазарот на работна сила, совпаѓање на понудата и побарувачката на работна сила, подобрување на пристапот до професионални обуки и подобрување на вештините како и преку зајакнување и надградување на услугите кои ги обезбедуваат јавните сервиси за вработување. Понатаму, секторските социјални партнери на секторот за привремена агенциска работа би требало да бидат активно вклучени во имплементацијата на иницијативата.

2. Препораки на Eurociett до креаторите на политики
Со цел целосно да се искористи придонесот на секторот за агенциска работа кон иницијативата „Нови вештини за нови работни места“, креаторите на политика треба да обратат особено внимание на следниве работи:
1. Консултации со секторот за агенциска работа при вршење на проценка и анализирање на трендовите на пазарот на работна сила: Актуелната економска криза покажа дека постои голема потреба за подобрување на капацитетот, како на европско така и на национално ниво, за проценка и анализирање на трендовите на пазарот на работна сила. Поради сопствената широка гранкова мрежа поставена близу до локалните пазари на работна сила,  секторот за агенциска работа може да даде значаен придонес во обезбедувањето на најскорешни индикатори и краткорочни трендови на  пазарот на работна сила.
2. Зајакнување на соработката и интеракцијата со сите посредници на пазарот на работна сила, особено земајќи ги во предвид приватните агенции за вработување, што е круцијално за сложените и комплексни пазари на работна сила.
3.  Искористување на експертизата на компаниите за агенциска работа на полето на професионални обуки, пред се преку промовирање на размената на позитивни практики помеѓу европските земји ( на пример во областа на востановување на бипартитни фондови за обуки) и преку отстранување на постојните форми на дискриминација на компаниите за агенциска работа во некои земји, во однос на пристапот до јавно финансирани програми за обуки.
4. Интеграција на признавањето и препознавањето на вештините како есенцијална алатка во иницијативата „Нови вештини за нови работни места“. Навистина голем дел од  проблемот со недостаток на вештини е резултат на несовпаѓање на понудата и побарувачката како и поради непрепознавање и непризнавање на вештините. Како што може да се забележи од праксата во некои земји членки секторот за агенциска работа може да даде свој придонес кон развивањето на вакви пристапи.
3. Посветеноста на  секторот за агенциска работа на иницијативата „Нови вештини за нови работни места“
а) Придонес кон месечниот „ЕУ монитор на пазарот на работна сила“
Европската Комисија ја истакна потребата за подобрување на капацитетот за анализирање и предвидување на развојот на настаните на пазарот на работна сила како на европско така и н анационално ниво.
Секторот за агенциска работа дава поддршка на реализацијата на овие цели, особено преку неговиот придонес за ново формираниот „монитор на пазарот на работна сила“. Овој придонес ќе го опфати бројот на часови поминати на работа, обртот што го прави секторот и информациите за огласите за работни места. Претставувајќи водечки економски индикатор, овие податоци од секторот за агенциска работа  помагаат во идентификацијата на трендовите на пазарот на работна сила.
б) Зголемување на транспарентноста на пазарот на работна сила и подобрување на совпаѓањето на понудата и побарувачката на работна сила
Агенциската работа може суштински да допринесе кон подобро функционирање на пазарот на работна сила во земјите членки на ЕУ.
Агенциската работа има уникатна позиција во процесот на усогласување  на потребите и на компаниите и на работниците. Поради поинаквиот пристап кој таа го има во однос на вештините, фокусирајќи се на општите способности а не само на квалификациите агенциската работа активно допринесува за разрешување на несовпаѓањата кои постојат на пазарот на работна сила.
Компаниите за агенциска работа се во можност да ја идентификуваат секоја една можност за вработување, поради нивната блискост до пазарот на работна сила, поради нивните секојдневни контакти со компаниите и со лицата кои бараат работа како и преку нивната мрежа од 30.000 ограноци ширум цела Европа.
Агенциската работа допринесува кон редукција на сегментацијата на пазарот на работна сила. Благодарение на продлабоченото знаење за пазарите на работна сила во сите области и за сите видови на активности, секторот за агенциска работа ја подобрува транзицијата на работниците – а поради ова и нивното напредување во однос на сопствените вештини – на пример од една област во друга или од мали во големи компании.
в) Олеснување на пристапот до подобрување на вештините и професионалните обуки
Секторот за агенциска работа во земјите членки на ЕУ е посветен на Олеснување на пристапот до подобрување на вештините и професионалните обуки
, како што е тоа илустрирано со истражувачкиот проект здружено спроведен од двата секторски социјални партнери во ЕУ (Eurociett & Uni-Europa). Секторот за агенциска работа инвестира на големо во обуката на сегашните и идните агенциски работници.
Како прво, агенциските работници ги подобруваат сопствените вештини и квалификации во текот на најмувањата, особено преку обуката која се одвива со текот на работата, потоа преку мултиплицирање на нивното професионално искуство при извршување на најразлични работни задачи од различните најмувања и преку здобивање дополнително професионално искуство кои ги квалификува за работа во иднина. Понатаму треба да се спомене дека приватните агенции за вработување ги нудат своите услуги на интер-секторско  ниво и на овој начин им овозможуваат на работниците да се здобијат со професионално искуство во различни сектори и различни занимања.
Како второ, агенциските работници имаат корист од стандардните програми за обуки кои се спроведуваат од страна на приватните агенции за вработување. Ваквите програми се поставени на ниво на компаниите за агенциска работа и имаат за цел да го оспособат агенцискиот работник со вештини кои му се потребни и нему и на компаниите, за сегашните и идните најмувања на ниво на компанијата корисник.
Како трето, фондови за обуки на секторско ниво беа воспоставени во зголемен број на земји (и тоа Франција, Белгија, Шпанија, Италија, Австрија, Холандија и – од 2009 година – исто и во Луксембург). Ваквите бипартитни фондови за обуки овозможуваат насочена помош и обуки за вкупна бројка од 643.000 агенциски работници само во 2008 година врз основа на буџет од 524,5 милиони евра.
Во нивното здружено истражување секторските социјални партнери на ЕУ покажаа како овие програмски шеми за обуки им помагаат на работниците да ги подобрат сопствените професионални квалификации и вештини, што само по себе допринесува до зголемување на можностите за вработување на овие работници и за напредување во кариерата во иднина. Во 2009 година Eurociett и Uni-Europa ќе продолжат здружено да работат на подобрување на размената на позитивни практики во однос на професионалните обуки и да го промовираат развивањето на дијалог помеѓу јавните власти, бизнисот и
провајдерите на обуки. Исто така секторот за агенциска работа ќе овозможи платформи за заеднички дизајнирани насочени обуки и курсеви за развивање „партнерства за обуки“ како што е тоа предложено во Соопштението на Комисијата.
г) Натамошно развивање на соработката со јавните сервиси за вработување
Зајакнувањето на јавно - приватните партнерства во однос на професионалните обуки и политики за вработување
беше идентификувано како клучна компонента во Соопштението на европската Комисија. Агенцискиот сектор целосно го одобрува овој повик за поголема инволвираност на бизнис актерите и приватните актери во јавните политики кои веќе се спроведуваат во многу европски земји. Секторските социјални партнери на ЕУ за секторот на привремена агенциска работа веќе ги имаат повикано земјите членки на ЕУ, во нивната здружена декларација за Флексибилност и безбедност од 2007 година, уште повеќе да ги развијат формите на соработка помеѓу јавните сервиси за вработување и приватните агенции за вработување, што допринесува до подобро функционирање на пазарите на работна сила и овозможува како подобрување на вештините така и поголеми можности за партиципација на пазарот на работна сила. Развивањето на овие форми на соработка би требало да се фокусира на следниве нешта:
- Да се подобри совпаѓањето на понудата и побарувачката на работна сила.
- Да се подржи мобилноста помеѓу различни работни места (како географски така и во однос на различните занимања).
- Да се зајакне активацијата и интегрирањето на пазарот на работна сила.
ѓ) Вклучување на секторските социјални партнери на секторот за привремена агенциска работа во имплементацијата на иницијативата
Двата секторските социјални партнери на секторот за привремена агенциска работа, Eurociett и Uni-Europa веќе ја покажаа посветеноста на секторот за  агенциска работа за подобрување на пристапноста до професионални обуки преку здружен истражувачки проект изведен во
2008/2009 година.  Студијата дава сеопфатен преглед на можностите за обуки за (привремените) агенциските работници во земјите членки на ЕУ и вклучува шест продлабочени национални студии на случаи. Поради тоа студијата може да биде важен инструмент за дисеминација на позитивни практики во областа на професионални обуки за привремени агенциски работници.
Во нивната работна Програма за секторски социјален дијалог 2009/2010, двата социјални партнери се посветуваат себеси за да допринесат кон европската дебата за „Нови вештини за нови работни места“ и за понатамошно промовирање на позитивни практики во областа на професионални обуки за (привремени) агенциски работници.
За EURO CIETT
EURO CIETT е авторитативниот глас кој ги претставува интересите на приватните агенции за вработување во Европа и е официјален социјален партнер за секторот за привремена агенциска работа во рамките на европскиот социјален дијалог. Тој е препознаен како таков од страна на институциите на ЕУ (Комисијата, Парламентот и Советот) како и од страна на клучните тангирани страни во Европа ( на пр. Uni-Europa, ETUC, BusinessEurope, невладините организации).
EURO CIETT  е единствена асоцијација која ја претставува агенциската работа толку широко (обединува 27 национални здруженија на Агенциите за привремена работа) и во нејзината разноликост ( обединувајќи шест од најголемите мултинационални компании за обезбедување персонал како и десетици илјади мали и средни работодавци).  Членовите на EURO CIETT се состојат од приватни компании кои работат во следниве порачја од областа на човековите ресурси: ангажирање на привремени работници , регрутирање на нови кандидати, привремен менаџмент, извршно пребарување, најмување на веќе вработени кадри за работа во друга компанија и вршење на различни обуки.
EURO CIETT го промовира придонесот на милиони агенциски работници за нашата економија. Претставувајќи еден добро регулиран сектор, членовите на EURO CIETT одбиваат да се натпреваруваат за сметка на правата на работниците и работат рака – под - рака  со владите во борбата против  илегалната работа и социјалниот дампинг.
Преку нивната мрежа од 30.000 ограноци и 250.000 постојано вработени лица, членовите на EURO CIETT вработуваат 3,5 милиони агенциски работници (во еквивалент на полно работно време) на дневни основи.
 
 
Придонесот на агенциската работа за... Испечати Е-пошта
 
создавање на работни места, подобрување на вештините и подобро функционирање на пазарите на работна сила
Клучни приоритети за пазарот на работна сила во пресрет на европските избори 2009 година

март 2009 година  

Како компаниите така и работниците имаат ургентна потреба да дадат соодветна политичка реакција со која ќе се соочат со актуелната економска криза. Имајќи ги во предвид европските извори кои надоаѓаат, Eurociett го усвои овој Меморандум кој се однесува на клучните приоритети и предизвици за пазарот на работна сила.
 
Креаторите на политика би требало да дадат свој придонес за да се отклучи придонесот на секторот за агенциска работа за пазарот на трудот:                  Земајќи ја во предвид актуелната економска криза која има силно влијание врз пазарот на работна сила и вработувањето, од највитално значење е креаторите на политика да го дадат својот максимум за да се зајакне процесот на повторно отворање на работни места во Европа. Стратегијата на Европската Унија за пораст и работни места ја понудува соодветната правна рамка за да се дефинира заедничкиот европски одговор на кризата.
Секторот за агенциска работа може да даде значаен придонес во оваа насока, бидејќи истиот беше главна движечка сила за креирање на работни места во изминатите години. Усвојувањето на таква регулатива за пазарот на работна сила која ќе овозможи и флексибилност и сигурност на работата е клучен предуслов за подобрувањето на процесот на креирање на работни места.  

Европските политики треба да ја искористат агенциската работа за намалување на сегментациајта на пазарот на работна сила: во многу земји членки на ЕУ пазарите на работна сила се во многу погодени од процесите на сегментација помеѓу оние што се вработени („инсајдери на пазарот на работна сила“)  и зголемениот број на работници кои се невработени или неактивни („аутсајдери на пазарот на работна сила“). Земајќи го ова во предвид, потребно е јавната политика да ја подобри партиципацијата на пазарот на работна сила и да промовира поинклузувни пазари на работна сила и поинклузивни општества. Политиките на Флекси-сигурност се стремат кон решавање на овие предизвици. Секторот на агенциска работа треба да биде целосно препознаен како посредник на пазарот на работна сила кој исто така допринесува до создавање на поинклузивни пазари на работна сила, бидејќи претставува отскочна штица за пазарот на работна сила, помага во олеснувањето на транзициите и допринесува за развивање на вештините како подобрување на вештините на работниците.


Јавните политики  би требало да го подобрат пристапот до професионалните обуки, искористувајќи го придонесот што секторот за агенциска работа го дава: Професионалните обуки, унапредувањето на вештините и учењето во текот на целиот  живот се клучни предуслови за подобро функционирање на пазарите на работна сила и за поголемо совпаѓање на понудата и побарувачката на пазарот на работна сила. Европската комисија неодамна ги потенцираше овие приоритети во нејзината иницијатива Нови вештини за нови работни места.
Секторот за агенциска работа придонесува кон развивањето  и подобрувањето на вештините на работниците врз основа на обуки на работното место и врз основа на специфични програми за професионални обуки. Во се поголем број на земји ( Австрија, Белгија, Франција, Холандија, Шпанија и Луксембург) секторот за агенциска работа имал воспоставено бипартитни фондови за обуки со цел да се подобри пристапот до професионалните обуки за агенциските работници. Како резултат на воспоставувањето на овие фондови за обуки околу 643 400 агенциски работници имаа корист од програмите за обуки. Јавните политики на европско и национално ниво би требало активно да ја промовираат агенциската работа како начин за подобрување на пристапот до професионални обуки.

Улогата на агенциската работа како катализатор на работната подвижност треба да биде зајакната: статистиката на европската Комисија покажува дека работната подвижност во рамките на ЕУ е и натаму премногу ограничена и далеку под потенцијалите  на вистински европски пазар на работна сила. Имајќи го ова во предвид креаторите на политиката би требало да преземат поконкретни мерки за да ја подобрат и охрабрат подвижноста на работниците во рамките на ЕУ. Мерките предложени од страна на европската Комисија во иницијативата Нови вештини за нови работни места, како што се онлајн портал за работни места можат да дадат значаен придонес за подобрување на подвижноста.
Понатаму Директивата на ЕУ за испраќање на работници дава соодветна и релевантна правна рамка за заштита на правата на агенциските работници како и условите за работа на истите, кога се испратени во друга земја членка на ЕУ во случај кога извршуваат услуги. Поради тоа не постои потреба за измена на Директивата а земјите членки на ЕУ и европската Комисија би требало да се осврнат на постојните проблеми преку нејзино имплементирање на национално ниво.

Нивото на регулација на агенциската работа треба да се адаптира со цел да се ослободи придонесот на секторот за агенциска работа кон креирањето на работни места:  истражувањето ( Даблин фондација 2008г.) покажува дека агенциската работа земено во целина е високо регулиран сектор. Регулацијата на агенциската работа е базирана на мешавина од статутарна регулатива, трудови колективни договори и инструменти за саморегулација.
Со цел да се задоволат потребите на економијата и на пазарот на работна сила, националната регулатива за агенциска работа треба да биде ревидирана и прилагодена. Во неколку различни земји постои потреба да се подигнат определени неоправдани рестрикции со кои се соочува секторот за агенциска работа ( како што се рестрикциите за користење на агенциска работа во јавниот сектор во Франција, Белгија и Шпанија), или неправедните рестрикции за задолжителната ексклузивност на сервиси за привремена агенциска работа (во Луксембург, Португалија и Шпанија). Истражувањето на Eurociett (2007 година) покажува дека можат да бидат креирани дополнителни 570 000  работни места во само четири европски земји. Со поттикнување на две специфични неоправдани рестрикции (секторски ограничувања и ограничени причини за употреба на привремена агенциска работа). Во исто време имплементацијата на Директивата 2008/104/ЕЦ за привремена агенциска работа ќе создаде значајна можност за развивање и обликување на регулативата за агенциска работа онаму каде тоа е потребно.

Секторските социјални партнери на агенциската работа треба да бидат консултирани при дизајнот и имплементацијата на политиките на ЕУ: Eurоciett и неговиот секторски социјален партнер Uni-Europa ја покажаа својата посветеност кон придонесот за политиките на ЕУ.  Eurociett ги повикува членовите на Парламентот и креаторите на политика во ЕУ да се приклучат кон ваквата посветеност и активно да ги консултираат и инволвираат социјалните партнери во дизајнот и имплементацијата на пазарот на работна сила и социјалните политики во ЕУ.

 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 Следна > Крај >>

Резултати 6 - 10 од 17

Анкета

Услугите на Партнер:
 

Посетеност

Посетители денеска:: 29
Посетители месецов: 988
Вкупно посетители: 216564

Fatal error: Class 'JTEXT' not found in /home/partner/public_html/components/com_joomlastats/count.classes.php on line 867