|
За Euro Ciett |
|
|
Агенција Партнер Асоцијативна членка на EURO CIETT
EURO CIETT е европско здружение на Агенциите за привремена работа формирано од страна на 24 национални здруженија на Агенциите за привремена работа ( од земјите на ЕУ) како и од 6 најголеми Агенции за привремена работа кои работат во голем број земји во светот (Adecco, Kelly Services, Manpower, Ranstad, USG Peopje, Vedior) .
Членовите на EURO CIETT се занимаваат со ангажирање на привремени работници , регрутирање на нови кандидати, вршење на разни обуки и т.н headhunting - „врбување“ на веќе вработени квалитетни кадри за работа во друга компанија.
Главна задача на EURO CIETT е да ја промовира и унапредува местото и улогата на привремените работници на пазарот на работната сила гледано главно од 3 аспекти:
* интегрирање на т.н маргиналните групи на работници на пазарот на работна сила како: инвалиди, лица кои штотуку завршиле со своето образование, лица без работно искуство, лица кои подолго време биле надвор од пазарот на работна сила и сл. * креирање на нови работни места * давање на флексибилност, прилагодливост и сигурност на работниците на пазарот на труд.
| |
|