2. Препораки на Eurociett до креаторите на политики
Со цел целосно да се искористи придонесот на секторот за агенциска работа кон иницијативата „Нови вештини за нови работни места“, креаторите на политика треба да обратат особено внимание на следниве работи:
1. Консултации со секторот за агенциска работа при вршење на проценка и анализирање на трендовите на пазарот на работна сила: Актуелната економска криза покажа дека постои голема потреба за подобрување на капацитетот, како на европско така и на национално ниво, за проценка и анализирање на трендовите на пазарот на работна сила. Поради сопствената широка гранкова мрежа поставена близу до локалните пазари на работна сила, секторот за агенциска работа може да даде значаен придонес во обезбедувањето на најскорешни индикатори и краткорочни трендови на пазарот на работна сила.
2. Зајакнување на соработката и интеракцијата со сите посредници на пазарот на работна сила, особено земајќи ги во предвид приватните агенции за вработување, што е круцијално за сложените и комплексни пазари на работна сила.
3. Искористување на експертизата на компаниите за агенциска работа на полето на професионални обуки, пред се преку промовирање на размената на позитивни практики помеѓу европските земји ( на пример во областа на востановување на бипартитни фондови за обуки) и преку отстранување на постојните форми на дискриминација на компаниите за агенциска работа во некои земји, во однос на пристапот до јавно финансирани програми за обуки.
4. Интеграција на признавањето и препознавањето на вештините како есенцијална алатка во иницијативата „Нови вештини за нови работни места“. Навистина голем дел од проблемот со недостаток на вештини е резултат на несовпаѓање на понудата и побарувачката како и поради непрепознавање и непризнавање на вештините. Како што може да се забележи од праксата во некои земји членки секторот за агенциска работа може да даде свој придонес кон развивањето на вакви пристапи.
3. Посветеноста на секторот за агенциска работа на иницијативата „Нови вештини за нови работни места“
а) Придонес кон месечниот „ЕУ монитор на пазарот на работна сила“
Европската Комисија ја истакна потребата за подобрување на капацитетот за анализирање и предвидување на развојот на настаните на пазарот на работна сила како на европско така и н анационално ниво.
Секторот за агенциска работа дава поддршка на реализацијата на овие цели, особено преку неговиот придонес за ново формираниот „монитор на пазарот на работна сила“. Овој придонес ќе го опфати бројот на часови поминати на работа, обртот што го прави секторот и информациите за огласите за работни места. Претставувајќи водечки економски индикатор, овие податоци од секторот за агенциска работа помагаат во идентификацијата на трендовите на пазарот на работна сила.
б) Зголемување на транспарентноста на пазарот на работна сила и подобрување на совпаѓањето на понудата и побарувачката на работна сила
Агенциската работа може суштински да допринесе кон подобро функционирање на пазарот на работна сила во земјите членки на ЕУ.
Агенциската работа има уникатна позиција во процесот на усогласување на потребите и на компаниите и на работниците. Поради поинаквиот пристап кој таа го има во однос на вештините, фокусирајќи се на општите способности а не само на квалификациите агенциската работа активно допринесува за разрешување на несовпаѓањата кои постојат на пазарот на работна сила.
Компаниите за агенциска работа се во можност да ја идентификуваат секоја една можност за вработување, поради нивната блискост до пазарот на работна сила, поради нивните секојдневни контакти со компаниите и со лицата кои бараат работа како и преку нивната мрежа од 30.000 ограноци ширум цела Европа.
Агенциската работа допринесува кон редукција на сегментацијата на пазарот на работна сила. Благодарение на продлабоченото знаење за пазарите на работна сила во сите области и за сите видови на активности, секторот за агенциска работа ја подобрува транзицијата на работниците – а поради ова и нивното напредување во однос на сопствените вештини – на пример од една област во друга или од мали во големи компании.
в) Олеснување на пристапот до подобрување на вештините и професионалните обуки
Секторот за агенциска работа во земјите членки на ЕУ е посветен на Олеснување на пристапот до подобрување на вештините и професионалните обуки, како што е тоа илустрирано со истражувачкиот проект здружено спроведен од двата секторски социјални партнери во ЕУ (Eurociett & Uni-Europa). Секторот за агенциска работа инвестира на големо во обуката на сегашните и идните агенциски работници.
Како прво, агенциските работници ги подобруваат сопствените вештини и квалификации во текот на најмувањата, особено преку обуката која се одвива со текот на работата, потоа преку мултиплицирање на нивното професионално искуство при извршување на најразлични работни задачи од различните најмувања и преку здобивање дополнително професионално искуство кои ги квалификува за работа во иднина. Понатаму треба да се спомене дека приватните агенции за вработување ги нудат своите услуги на интер-секторско ниво и на овој начин им овозможуваат на работниците да се здобијат со професионално искуство во различни сектори и различни занимања.
Како второ, агенциските работници имаат корист од стандардните програми за обуки кои се спроведуваат од страна на приватните агенции за вработување. Ваквите програми се поставени на ниво на компаниите за агенциска работа и имаат за цел да го оспособат агенцискиот работник со вештини кои му се потребни и нему и на компаниите, за сегашните и идните најмувања на ниво на компанијата корисник.
Како трето, фондови за обуки на секторско ниво беа воспоставени во зголемен број на земји (и тоа Франција, Белгија, Шпанија, Италија, Австрија, Холандија и – од 2009 година – исто и во Луксембург). Ваквите бипартитни фондови за обуки овозможуваат насочена помош и обуки за вкупна бројка од 643.000 агенциски работници само во 2008 година врз основа на буџет од 524,5 милиони евра.
Во нивното здружено истражување секторските социјални партнери на ЕУ покажаа како овие програмски шеми за обуки им помагаат на работниците да ги подобрат сопствените професионални квалификации и вештини, што само по себе допринесува до зголемување на можностите за вработување на овие работници и за напредување во кариерата во иднина. Во 2009 година Eurociett и Uni-Europa ќе продолжат здружено да работат на подобрување на размената на позитивни практики во однос на професионалните обуки и да го промовираат развивањето на дијалог помеѓу јавните власти, бизнисот и
провајдерите на обуки. Исто така секторот за агенциска работа ќе овозможи платформи за заеднички дизајнирани насочени обуки и курсеви за развивање „партнерства за обуки“ како што е тоа предложено во Соопштението на Комисијата.
г) Натамошно развивање на соработката со јавните сервиси за вработување
Зајакнувањето на јавно - приватните партнерства во однос на професионалните обуки и политики за вработување беше идентификувано како клучна компонента во Соопштението на европската Комисија. Агенцискиот сектор целосно го одобрува овој повик за поголема инволвираност на бизнис актерите и приватните актери во јавните политики кои веќе се спроведуваат во многу европски земји. Секторските социјални партнери на ЕУ за секторот на привремена агенциска работа веќе ги имаат повикано земјите членки на ЕУ, во нивната здружена декларација за Флексибилност и безбедност од 2007 година, уште повеќе да ги развијат формите на соработка помеѓу јавните сервиси за вработување и приватните агенции за вработување, што допринесува до подобро функционирање на пазарите на работна сила и овозможува како подобрување на вештините така и поголеми можности за партиципација на пазарот на работна сила. Развивањето на овие форми на соработка би требало да се фокусира на следниве нешта:
- Да се подобри совпаѓањето на понудата и побарувачката на работна сила.
- Да се подржи мобилноста помеѓу различни работни места (како географски така и во однос на различните занимања).
- Да се зајакне активацијата и интегрирањето на пазарот на работна сила.
ѓ) Вклучување на секторските социјални партнери на секторот за привремена агенциска работа во имплементацијата на иницијативата
Двата секторските социјални партнери на секторот за привремена агенциска работа, Eurociett и Uni-Europa веќе ја покажаа посветеноста на секторот за агенциска работа за подобрување на пристапноста до професионални обуки преку здружен истражувачки проект изведен во
2008/2009 година. Студијата дава сеопфатен преглед на можностите за обуки за (привремените) агенциските работници во земјите членки на ЕУ и вклучува шест продлабочени национални студии на случаи. Поради тоа студијата може да биде важен инструмент за дисеминација на позитивни практики во областа на професионални обуки за привремени агенциски работници.
Во нивната работна Програма за секторски социјален дијалог 2009/2010, двата социјални партнери се посветуваат себеси за да допринесат кон европската дебата за „Нови вештини за нови работни места“ и за понатамошно промовирање на позитивни практики во областа на професионални обуки за (привремени) агенциски работници.
За EURO CIETT
EURO CIETT е авторитативниот глас кој ги претставува интересите на приватните агенции за вработување во Европа и е официјален социјален партнер за секторот за привремена агенциска работа во рамките на европскиот социјален дијалог. Тој е препознаен како таков од страна на институциите на ЕУ (Комисијата, Парламентот и Советот) како и од страна на клучните тангирани страни во Европа ( на пр. Uni-Europa, ETUC, BusinessEurope, невладините организации).
EURO CIETT е единствена асоцијација која ја претставува агенциската работа толку широко (обединува 27 национални здруженија на Агенциите за привремена работа) и во нејзината разноликост ( обединувајќи шест од најголемите мултинационални компании за обезбедување персонал како и десетици илјади мали и средни работодавци). Членовите на EURO CIETT се состојат од приватни компании кои работат во следниве порачја од областа на човековите ресурси: ангажирање на привремени работници , регрутирање на нови кандидати, привремен менаџмент, извршно пребарување, најмување на веќе вработени кадри за работа во друга компанија и вршење на различни обуки.
EURO CIETT го промовира придонесот на милиони агенциски работници за нашата економија. Претставувајќи еден добро регулиран сектор, членовите на EURO CIETT одбиваат да се натпреваруваат за сметка на правата на работниците и работат рака – под - рака со владите во борбата против илегалната работа и социјалниот дампинг.
Преку нивната мрежа од 30.000 ограноци и 250.000 постојано вработени лица, членовите на EURO CIETT вработуваат 3,5 милиони агенциски работници (во еквивалент на полно работно време) на дневни основи.