За Euro Ciett
Агенција Партнер Асоцијативна членка на EURO CIETT


EURO CIETT е европско здружение на Агенциите за привремена работа формирано од     страна на 24 национални здруженија на Агенциите за привремена работа ( од земјите на ЕУ)  како и од 6 најголеми Агенции за привремена работа кои работат во голем број земји во светот (Adecco, Kelly Services, Manpower, Ranstad, USG Peopje, Vedior) .

Членовите на EURO CIETT се занимаваат со ангажирање на привремени работници , регрутирање на нови кандидати, вршење на разни обуки и т.н headhunting - „врбување“ на веќе вработени квалитетни кадри за работа во друга компанија.

Главна задача на EURO CIETT е да ја промовира и унапредува местото и улогата на привремените работници на пазарот на работната сила гледано главно од 3 аспекти:

* интегрирање на т.н маргиналните групи на работници на пазарот на работна сила како: инвалиди, лица кои штотуку завршиле со своето образование, лица без работно искуство, лица кои подолго време биле надвор од пазарот на работна сила и сл.
* креирање на нови работни места
* давање на флексибилност, прилагодливост и сигурност на работниците на пазарот на труд.