За Кандидатите

Агенција ПАРТНЕР, вистински избор за сите кои сакаат да се вклучат на пазарот на труд.

Барате работа во администрација, оператор на компјутер, техничар, стручен соработник, општ работник, помошен работник, квалификуван работник тогаш е време да се обратите до нас.

Ние нудиме
   1. Голем избор на атрактивни работни места во различни области
   2. Сите ангажирани лица веднаш потпишуваат договор за работа (сигурни дека ќе биде платени даноци и придонеси од плата и уживање на привилегии од вработување)
   3. Атрактивни плати

Да се биде привремен работник, значи дека сте вработени кај нас ( во ПАРТНЕР) ,а работата ја обавувате во друга компанија. Кога престанува потребата за Вашето ангажирање во компанијата каде ја обавувате работата, Вашиот советник во Партнер веќе го планира Вашето  ангажирање и во друга компанија.

Запомнете, Вашиот советник секогаш Ви стои на располагање!!!
Советникот е Ваше контакт лице, мост помеѓу Вас и Вашето работно место.
Советникот е оној кој најдобро го познава пазарот на труд и е во контакт со сите компании кои имаат слободни места.

Веќе Ве заинтересиравме ???

Контактирајте не за Ваша регистрација и зачленување!

Регистрирање подразбира, интегрирање на Вашите податоци во нашата база на  по електронски пат. Овие податоци остануваат заштитени кај нас, а ние служејки се со нив се обидуваме да Ви најдеме работа која ќе одговара на Вашето искуство и знаење.
Зачленувањето е лично , со Ваше доаѓање во просториите на Агенцијата во Скопје или по градовите низ Македонија . Значи при зачленување со Вас треба да понесете :
-
диплома за завршено образование ( оригинал на увид)
- лична карта ( оригинал на увид)
- 2 фотографии
- останати документи ( возачка дозвола, дипломи од завршени курсеви, семинари, предавања ) и сл.
- трансакциска сметка од НЛБ Тутунска Банка
- доказ за минат труд ( се докажува со М4 листа издадена од Фондот за ПИОМ )

За Вас се оформува досие со вашите  документи ( копијата од нив) кои понатаму ни служат за побрзо и полесно најдеме соодветна работа за Вас.

Регистрирањето и зачленувањето  кај нас е бесплатно и без обврски.

Ако Ви понудиме работен ангажман, а Вие од било кои причини не можете да одговорите на истиот, останувате евидентирани кај нас, без било кава санкција и можност да Ви се нудат понатаму други ангажмани.