ВОДИЧ за клиенти

       Како да изберете квалитетна Агенција!
                    
       Пред воопшто да се јавите во Агенцијата треба да ги имате следните  информации:
       
            
1.Дали ви треба лице кое веднаш треба да го пополни   местото на отсутниот вработен?
2.Колку долго ќе Ви треба привремениот работник?
3.Колку часа дневно привремениот работник ќе биде ангажиран? 
4.Кои конкретни вештини треба да ги има привремениот работник:
    - познавање на странски јазици
    - познавање на работа со компјутери и кои програми
    - поседување на важечка возачка дозвола и која категорија и сл.

     Откако,точно знаете каков привремен работник Ви треба (со кои квалификации, за кое работно место, за кој период); проценката на Агенцијата направете ја по следниве критериуми:

     I Подготвеност и професионализам
      
1.Колку пати заѕвонивте пред некој да одговори?
2.Дали лицето што се јави беше љубезно и од помош?
3.Дали лицето што се јави, Ви постави прашања кои се значајни за Вашата     потреба да ангажирате лица и дали добивте целосни информации?

     II Способност за да се задоволат Вашите потреби

1.Колкав е бројот на невработени лица кои се евидентирани во Агенцијата? ( Со каква база на податоци Агенцијата располага)  
2.Дали Агенцијата има лица со квалификации кои Вие ги барате?
3.Дали Агенцијата има лица од Вашата географска област?     
4.Колку време и е потребно на Агенцијата да ги обезбеди бараните кандидати?
5.Висината на Агенциската провизија
6.Условите и роковите за плаќање на услугата?
7.Дали Агенцијата нуди можност за авансна исплата на привремените работници?
8.Дали Агенцијата се грижи за осигурување на работниците?
9.Дали Агенцијата се грижи за целокупната евиденција од областа на работните односи?
         ( решенија за годишен одмор,решенија за службени патувања, откази, пријави и одјави во Агенцијата за вработување, обезбедување на здравствени картони за привремените работници и сл.

     Откако ќе ги добиете сите потребни информации секогаш:

1.Проверете ги препораките на Агенцијата
2.Контактирајте со другите компании од Вашата област, за тоа кои Агенции тие ги користат и нивното искуство